Џони Деп може да посака и да има сè што сака: Само погледнете колку тежи и со каков имот располага

Во фокусот на светското внимание беше спорот на поранешните сопружници- актерот Џон Деп и актерката Амбер Херд. Во прашање беа многу пари- над 50 милиони долари, па не е ни чудно што и двајцата изнесоа навреди еден на друг. Спорот се реши во корист на Деп, на кој актерката треба да му плати 10 милиони долари. Но, Џони се огласи и рече дека не мора да ги даде. СО тоа покажа дека му било важно да се знае вистината.

Инаку Деп ја тужепе Херд за отштета од 50 милиони долари поради текст во кој таа пишува за нејзиното искуство со семејното насилство во текст за „Вашингтон пост“ објавен во 2018 година. Иако Деп не е именуван во статијата, тој тврди оти текстот го чинел губење на скапи ангажмани во актерската кариера.

И, не му требаат пари кога ги има толку многу.

Инаку, екстравагантниот начин на живот на Деп е фасцинантен, според некои неодамнешни извештаи

Овој пат ви ја претставуваме неверојатната недвижност и јахтата што тој ги сакаше, изгуби и чуваше во текот на неговата кариера.

Неговите поранешни менаџери го убедиле да продаде некои од неговите имоти за да има доволно пари за неговите месечни сметки, во износ од два милиони долари. Еден дел од тие сметки беше одржувањето на јахтата „Амфитрит“, на која потроши осумнаесет милиони долари.

Според менаџерите, Деп не можел да си го дозволи месечното одржување што го потпишал за оваа јахта во износ од 350.000 долари. Тие успеаја да го убедат да ја продаде оваа јахта, а во 2016 година ја купи познатата авторка Џеј Кеј Ролинг, која ја стави на продажба само осум месеци подоцна. Денес, таа јахта е достапна за купување по цена од 19,3 милиони долари.

Некои од екстравагантните нешта на Деп сè уште се во негова сопственост. На пример, тој е сопственик на едно село на југот на Франција, кое во моментов е достапно за купување преку аукциската куќа Кристи. Имотот се наоѓа во близина на Сен Тропе, а на самиот список се наведува дека цената е достапна на барање. Деп инвестираше околу единаесет милиони во реставрацијата на зградите во ова село, кои датираат од XVIII век. Има главна куќа, шест гостински куќи за коли и ресторан. Вкупно, тука има петнаесет спални и четиринаесет бањи, а има и два базена и студио за сликање.

Деп поседува и три острови на Бахамите, кои ги купи за 5,35 милиони долари, со шест различни плажи.

Сепак, според неговите менаџери, најекстравагантна градба е пет пентхауси во иста зграда во Лос Анџелес. Сместени се во познатата арт деко зграда, Источна Колумбија. Деп ги купи овие станбени единици за 7,2 милиони долари.

Првично, овие пентхауси се продадоа заедно за 12,78 милиони долари, а сега се достапни и поединечно. Два беа продадени минатата есен по цена од 3 и 2,5 милиони долари, додека останатите три се уште се достапни за купување по цена од 1,8 до 2,5 милиони долари.

Потоа, тука се петте куќи што Деп сè уште ги поседува на Холивуд Хилс, а заедно вредат 19 милиони долари. Според некои извори, Деп планирал да изгради тунел за да ги поврзе.

Се чини дека славата е дефинитивно придружена со екстравагантен начин на живот. Барем така е случајот со овој славен актер. Се на се, тежок е околу 600 милиони долари.