Е сега следи шок! Под пирамидите откриен град поголем од целата површина на сите пирамиди?!
Додека скептиците бараат дополнителни докази, истражувачкиот тим планира да ја продолжи својата работа во текот на 2025 година и дополнително да ги анализира добиените податоци.
Меѓународен тим на истражувачи тврди дека открил огромен подземен комплекс под египетските пирамиди, кој, доколку се потврди, може да го промени разбирањето на древната египетска историја. Според нивните тврдења, градот се протега на повеќе од 1.200 метри под висорамнината Гиза, што го прави дури десет пати поголем од самите пирамиди.
Сепак, иако веста предизвика сензација, многу експерти веќе изразија сериозни сомнежи за точноста на овие наоди, а технологијата што се користи во истражувањето е предмет на дебата во научната заедница.
Напредна технологија или непроверени податоци?
Студијата е спроведена со помош на радарски импулси, метод кој овозможува производство на слики со висока резолуција длабоко под површината на земјата. Истражувачите идентификувале осум цилиндрични структури кои се протегаат на повеќе од 640 метри под пирамидите, а дополнителни непознати објекти се откриени на длабочина од 1.200 метри.
Сепак, професорот Лоренс Конјерс, експерт за геодари од Универзитетот во Денвер, ги оспори овие тврдења. „Технологијата едноставно не може да навлезе толку длабоко во земјата“, изјави тој за Daily Mail, додавајќи дека идејата за подземен град е огромно претерување.
Според него, можни се помали структури како што се тунели и комори под пирамидите, но хипотезата за подземен град бара многу повеќе докази. „Античките цивилизации, како што се Маите, често граделе пирамиди над природни пештери и свети места, па можно е такви формации да постојат под пирамидите“, додаде Конјерс.
Кој стои зад истражувањето?
Истражувачкиот тим е предводен од Корадо Маланга од Универзитетот во Пиза, египтологот Армандо Меи и експертот за радар Филипо Бионди од Универзитетот во Стратклајд. Сепак, важно е да се напомене дека нивната студија сè уште не е рецензирана или објавена во ниту во едно од релевантните научни списанија, што го поставува прашањето за нејзината веродостојност.
Посебна контроверзност предизвикува фактот што Маланга е познат како уфолог, кој со години истражува неидентификувани летечки објекти и вонземски феномени во Италија.
Дали пирамидите се поврзани со легендарните сали на Аменти? Според официјалното соопштение на тимот, цилиндричните структури под секоја од трите пирамиди се распоредени во два паралелни редови, опкружени со спирални премини кои водат до поврзан систем на комори.
Никол Чиколо, портпаролка на проектот, го спореди откритието со легендарните сали на Аменти, мистични подземни простори од египетската митологија. „Овие откритија би можеле да го редефинираат нашето разбирање за светата топографија на древниот Египет“, рече Чиколо.
Што е следно?
Додека скептиците бараат дополнителни докази, истражувачкиот тим планира да ја продолжи својата работа во текот на 2025 година и дополнително да ги анализира добиените податоци. Но, според Конјерс, единствениот начин да се потврди ова тврдење е преку насочени ископувања.
„Доколку методите на истражување се точни, нивните резултати заслужуваат сериозно разгледување. Но, науката бара цврсти докази, а не само спектакуларни тврдења“, заклучува Кониерс.
И покрај контроверзноста, веста се рашири низ интернет, а бројни познати личности, меѓу кои и американската конгресменка Ана Паулина Луна, го коментираа откритието на социјалните мрежи.
Останува да се види дали понатамошните истражувања ќе го потврдат постоењето на подземен град - или дали тоа ќе се покаже само како уште една фасцинантна, но неоснована теорија.