Еден од најбогатите луѓе во Европа заразен со коронавирус: Во критична ситуација
Сопственикот на Спартак Москва, Леонид Федун, има коронавирус. Епидемијата во Русија доби на интензитет во последните неколку недели, повеќе од 220.000 луѓе се заразени, почина 2009, а злобната болест не го заобиколи рускиот тајкун, кој е сопственик на 12 проценти од втората најголема руска нафтена компанија Лукоил и московскиот Спартак.
„Клубот сака брзо закрепнување за Леонид Федун“, рекоа шефовите на Спартак во кратката порака по објавувањето на вестите, кoи силно одекнуваа во Русија.
Имено, 64-годишниот Федун итно бил пренесен во болницата пред неколку дена поради сериозноста на ситуацијата, дури откако се влошилa неговата состојба и сеуште е критична.
Богатството на поранешниот воен службеник, а денес нафтен магнат и сопственик на осмо рангираниот клуб на руската Премиер лига (првенството запре по 22 рунди) се проценува на 8,5 милијарди долари, што го прави еден од најбогатите луѓе во Европа.
Tal Cohen / Getty ImagesTal Cohen Getty Images