Една од најбизарните приказни во светот: Маж по 6 години брак со сопругата открил страшна тајна од која се леди крвта

Една од најморбидните приказни од која се леди крвта,  конечно доби епилог, откако ДНК тестот на сопружниците откри дека тие се всушност брат и сестра.

Имено, посвоен маж тврдел дека со неговата сопруга, со која е во брак шест години, на некој начин e премногу поврзан, незнаејќи дека таа е неговата биолошка сестра. Двојката има две деца, а мажот открил дека тие се брат и сестра дури откако неговата сопруга се разболела и имала сериозна потреба од трансплантација на бубрег.

Мажот додал дека, иако мислел дека е речиси невозможно тој да биде соодветен донатор, сепак одлучил да направи тест, со цел сигурно да види дали може да и помогне на својата сопруга.

-Знаев дека тоа ќе биде голема прилка, па решив да се тестирам за да видам дали можам да бидам донор. Ми се јавија пред некој ден и ми рекоа дека ги исполнувам условите, изјавил за медиумите.

Целото фијаско започнало  по тестовите кој ги направил со цел за да утврди дали ќе биде соодветен донатор за неговата сопруга на која итно и бил потребен нов бубрег по раѓањето на детето.  Една од тие процедури вклучувала и ДНК анализа.

Докторот откако забележал нешто сомнително, го советувал мажот да направи дополнително тестирање.

- Не размислував многу и се согласив, изјвил тој.

 Но, кога конечно пристигнале резултатите од тестот, посвоениот маж дознал дека тој и неговата сопруга со која бил во брак 6 години имале „неверојатно висок процент на совпаѓање“.

Докторот објаснил дека „поради начинот на кој информациите за ДНК се пренесуваат низ генерациите, родителот и детето може да имаат барем 50 проценти совпаѓање, а браќата и сестрите може да имаат совпаѓање од 0 до 100 проценти“.

Откако открил колку е ретко да се има толку „висока врска како маж и жена“, мажот го прашал докторот што навистина значат резултатите за парот.

Тестовите всушност покажувале дека парот е биолошки поврзан и дека неговата сопруга најверојатно е негова сестра.

Тој напишал на социјалните мрежи: "Ние сме во роднинска врска - не, не се шегувам. Не знам што понатаму... За сега таа е мојата сопруга и мајка на нашите деца".

Мажот ја завршил објавата велејќи: „Овој пост веројатно ќе биде отстранет, но сето тоа е вистина“.


Фото: Freepik