Едниот е легендата Меси, а другиот само сакаше да се фотографира со својот идол: Денес заедно испишуваат фудбалска историја

Пред 10 години момче сакаше да се фотографира со својот идол- фудбалерот Меси.

Тоа момче беше Алварез, денес еден од најдобрите фудбалери- рамо до рамо со неговиот идол.

Аргентина ја победи Хрватска во полуфиналето на Светскиот куп во Катар, а Алварез и Меси беа невиден тандем.

Живот пишува романи и не знаете со кој може да ве спои...