Едно нека ви е јасно- ништо повеќе нема да биде исто: „Лагите што ги живееме“

Краток документарец наречен „Лагите што ги живееме“ ја испитува слободата на луѓето, образованието, парите, капитализмот, заштитата на природата

Спенсер Четкарт направи краток документарец наречен „Лагите што ги живееме“. Во него тој ја доведува во прашање слободата на луѓето, образованието, парите, капитализмот, заштитата на природата, климатските промени и нашето влијание врз нив.

„Во овој момент можете да бидете каде било, да правите што сакате. Наместо тоа, седете сами на компјутер. Што не‘ спречува да го правиме она што го сакаме, да бидеме таму каде што сакаме да бидеме? Секој ден се будиме во иста просторија и го следиме истиот пат, за да живееме исто како и претходниот ден.

Порано секој ден беше нова авантура, а потоа се‘ се смени. Порано се чинеше дека времето не постои - денес се чини дека го нема доволно. Дали овој начин на живот значи дека сме возрасни, дека сме слободни? Дали сме навистина слободни?“ – ја започнува приказната во својот краток филм.


Фото и Видео: Youtube

Извор: ало