„Едноставно не го сакав понеделник“ па ги убив: Бруталните убиства на едно девојче
Бренда Спенсер имала 16 години кога започнала да пука кон ученици пред основно училиште во Сан Диего на 29 јануари 1979 година. Бренда пукаше од куќа преку улицата од училиштето со пиштол што и го даде нејзиниот татко за Божиќ, додека наставниците во паника се обидоа да ги доведат децата на безбедно место.
Беа истрелани 30 куршуми, при што беа убиени директорот на училиштето Бартон Враг и домарот Мајк Сукар. Осум ученици и полицаец кои дојде да интервенира беа тешко ранети.
По неколку часови преговори, Бренда, која се забарикадирала во нејзината куќа, се предаде на полицијата.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста главно заради следното. На прашањето за нејзиниот мотив, Бренда им кажала на истражителите дека „едноставно не го сака понеделник“ и дека пукањето „и го направило денот“.
Иако беше малолетна, беше судена како возрасна личност. Таа се изјасни за виновна за две убиства, по што е осудена на 25 години до доживотен затвор.
Бренда Спенсер е сè уште жива. Досега, таа се појави пред комисија за условна слобода четири пати, но секој пат беше одбиена. Подоцна тврдеше дека поминала една недела пред злосторството пиејќи виски и земала дрога и дека не се сеќава на пукањето. Следното рочиште ќе биде во 2021 година.