Забава // Занимливости
„ЕЛЕКТРИЧЕН КОРОНАВИРУС“: Водителот го удри струја насред емисија (ВИДЕО)
- 14 Април, 2020
За време на емитувањето на „Каде сме“ на турскиот ТВ канал Нет, водителот на шоуто Ерем Сентурк најпрво беше погоден од струја, а потоа скоро падна.
Медиумите во Турција објавија дека популарниот презентер во живо на шоуто бил погоден од „електричен коронавирус“. Поточно, тој бил погоден од струја бидејќи допрел дигитален екран во студиото, по што скоро паднал пред очите на ТВ- гледачите.
Сентрук сега се чувствува добро, соопшти управувањето со ТВ каналите.
„Ако го преживеам овој благословен ден, ќе продолжам да ја водам претставата“, се пошегува презентерот.