Емина и сопругот се заљубиле на психијатрија: Иако се борат со сиромаштијата, љубовта ги излекувала и веќе 8 години се во среќен брак
Судбината сакала Мустафа и Емина да се сретнат на необично место и поради тешките животни околности да најдат начин за подобар живот.
Мустафа и Емина Хоџиќ од селото Богановиќи кај Олов во БиХ имаат необична љубовна приказна. Двајцата ги спои тешкиот живот во крајно необично место, психијатриска болница.
Емина прва ја започнува својата тешка животна приказна.
По 11 години насилен брак од кој има две деца, на Емина ѝ била дијагностицирана умерена депресија. За да се излечи, Емина решила да побара помош на психијатрија.
- Мојата животна приказна е многу тешка. Во брак бев 11 години, од тој брак имам две деца. Во тој брак се разболев, добив умерено тешка депресија. По две-три години не можев повеќе да се борам, па отидов на лекување на психијатрија. Сите ме оставија, вклучително и мојот сопруг и децата. Сопругот се бореше додека можеше, но на крајот, како и сите, крена раце - ја започнува приказната Емина.
Она што не го очекувала е дека на психијатрија ќе ја запознае љубовта на нејзиниот живот, Мустафа.
-Кога отидов на психијатрија го запознав Мустафа и веќе осум години сме заедно. Таму ми дадоа само некои лекови, што ми беше се‘ полошо и полошо. По осум дена докторот ме пушти на социотерапија. Тоа подразбира круг на луѓе каде што доаѓаат пациенти кои се „малку поздрави“. Потоа го видов Мустафа, тој седеше мирен, молчеше и гледаше што се прави - раскажува Емина со солзи во очите.
Мустафа ги раскажуваше деталите од нејзиниот не баш лесен живот и го впиваше секој нејзин збор.
- Во неговите очи видов љубов и исцеление. Со помош на мојот Мустафа оздравев. Љубовта ги исцели нашите души. Мустафа одлично ме разбра - вели Емина.
Патот на Мустафа до психијатрија е сосема поинаков од оној на Емина.
Мустафа 10 години работел како професор во гимназија, а останал без работа по сериозен здравствен проблем што го снашол.
Сите пари што ги заработил бил принуден да ги даде на лекување, поради што немал средства да ги купи ниту основните животни потреби.
- Моето главно занимање е висококвалификуван столар, завршив и педагошка академија за да можам да предавам на училиште. За 10-те години што работев во училиштето, создадов три генерации столари. Имав тешка хируршка процедура, па многу прегледи за кои бараа многу пари. Поради тоа дојдов во ситуација да немам што да јадам, паднав во блага депресија бидејќи поради здравствената состојба веќе не можев да работам. Ми беше многу тешко бидејќи работев цел живот. Така отидов на психијатрија, му кажав на докторот дека немам што да јадам - вели Мустафа, а Емина додава дека бил високо ценет и од студентите и од другите колеги.
Истиот ден биле примени на психијатрија, а Мустафа кога ја видел Емина веднаш знаел дека таа е љубовта на неговиот живот.
-Веднаш ми се допадна, тогаш почнав да прашувам за неа. На Емина и беше многу лошо, примаше силна терапија. Почнавме да разговараме на социјалната терапија, деновите минуваа и еден ден ја прашав дали сака да се омажи за мене - вели Мустафа.
Сиромаштијата не им била пречка да водат среќен живот.
-Јас и реков дека немам ништо, а таа ми рече да, само не ме тепај. Била малтретирана физичкиво куќата во која живеела. Никој немал разбирање за неа, единствен спас и била психијатријата - вели Мустафа.
Од психијатрија до мир на умот
Иако живеат во сиромаштија, нагласуваат дека ништо не може да купи среќа и љубов.
- Кога дојдовме дома, немавме ништо. Имавме само кревет, фрижидер, гардероба и шпорет. Добрата вест е дека Мустафа е добар рибар и ние живееме овде во близина на реката. Со нас нема никакви несогласувања. Нема човек што би можел да го замени за мене, без него кој знае што ќе ми се случеше - вели Емина.
-На луѓето им е најважно да се скромни. Треба да знаеш да сакаш. Човек кој не е скромен нема да знае искрено да сака. Човекот може да биде среќен само кога е задоволен со она што го има. Никогаш не би ја напуштил Емина, ја сакам бескрајно, и неа и нејзините деца, на кои гледам како да се мои - вели Мустафа.
Мустафа ги прифатил децата на Емина како да се негови.
- Така гледам на нив. Вложувам се‘ што имам за да ги едуцирам. Во тоа ни помагаат добри луѓе - вели Мустафа за телевизија БН.
Фото: BN TV - Printscreen