Еминем стана дедо: Се омажи неговата ќерка, а тој цело време беше до неа

Тие беа во врска од 2016 -та година

Хејли Џејд, ќерката на раперот Еминем, минатиот викенд го кажа судбоносното „да“ на Еван Меклинток, а славниот тато цело време беше покрај неа.

Во еден момент во Battle Creek (Мичиген), ќерката и таткото дури и танцувале, тврди ТМЗ, а интимна свадбена церемонија била организирана околу една година по свршувачката.

View this post on Instagram

A post shared by Hailie Jade (@hailiejade)


Хејли и Еван се во врска од 2016-та година, а деталите за тоа ги чуваат подалеку од љубопитните очи.

- Оваа недела се будам како дама. Поубава свадба не можевме да сонуваме. Имаше толку многу солзи, смеа, љубов. И јас и Еван сме им благодарни на сите кои дојдоа да не поддржат – истакна таа на својот Инстаграм, заедно со серијалот фотографии од венчавката.

View this post on Instagram

A post shared by (@eminem.faan.page)


Да потсетиме дека Еминем ја доби Хејли во врска со Ким Скот.

Двајцата се запознале во 1988-ма година, кога сѐ уште биле тинејџери. Тогаш започна нивната турбулентна приказна од речиси две децении. Тие се венчаа двапати, во 1999-та и 2006-та година, а официјално се разделија во 2007-ма година.


Извор: espreso.rs