Епско патување: Секоја година милиони ракови го окупираат австралискиот остров, еве зошто (ВИДЕО+ФОТО)

Милиони црвени ракови го „окупираа“ Божиќниот остров во Австралија за време на годишната миграција, што го запре сообраќајот.

Секоја година црвените ракови мигрираат од џунглата во океанот на почетокот на сезоната на дождови.



Експертите од австралиските паркови наведуваат дека црвените ракови одат во океанот да се парат. Мажјаците прво копаат дупки во кои женките ќе ги несат јајцата, а потоа се враќаат во џунглата. Женките остануваат покрај јајцата уште две недели, додека не се развијат.


Фото: РИА Новости/Твитер