Еве ја тајната на „Тајната вечера“: Еден ист човек го претставува и ДОБРОТО и ЗЛОТО

ДОБРО И ЗЛО

Сликата „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи е исто толку позната и репрезентативна за христијанскиот свет, колку што е и мистична. Сликата се наоѓа во црквата Санта Марија дела Грацие во Милано.

Кога ја замислил оваа сцена, Леонардо наишол на голема тешкотија: морал да го прикаже Доброто - под лицето на Исус - и злото - под лицето на Јуда. Престанал да работи на половина пат додека не ги пронајде идеалните модели. Еден ден, додека гледал како вежба црковен хор, во еден од момците видел совршена слика на Христос. Тој го поканил во својата работилница и ги репродуцирал неговите карактеристики во студии и скици.

Поминаа 3 години...

„Тајната вечера“ беше речиси завршена - да Винчи, сепак, не го најде идеалниот модел за Јуда. Кардиналот задолжен за црквата почнал да го притиска, барајќи од него веднаш да го заврши сликањето. По неколку дена сликарот наишол на прерано остарен млад човек, парталав и пијан, легнат во ендек. Со голема мака, помошниците го однеле во црквата каде требало да му го насликаат лицето.

Да Винчи почнал да слика, восхитен од карактеристиките на неверување, грев и себичност толку добро втиснати на неговото лице. Кога сликарот завршил, просјакот, откако малку се опоравил од пијанството, ги отворил очите и ја видел сликата пред себе. На неговото лице се појави мешавина од изненадување и тага и рекол:

- Сум ја видел оваа слика и порано!

– Кога? праша Да Винчи изненадено.

– Пред 3 години, пред да изгубам се што имав. Во тоа време, пеев во црковниот хор и живеев живот полн со соништа, а еден уметник ме убеди да бидам модел за лицето на Исус. (истото момче кое Давинчи го побарал да го наслика да биде Исус)

Доброто и злото имаат едно исто лице, се зависи од тоа кога едното или другото ќе го преминат патот на која било личност.