Еве како ќе изледаат Оскарите: Сценографија во дворот на железничка станица
Доделувањето на Оскарите ќе се одржи во Лос Анџелес, во дворот на железничката станица Union Station и во театарот Долби, но и на уште неколку светски локации, а вкучена е и опцијата сателитско доделување. Настанот ќе има повеќе водители како Харисон Форд, Хали Бери, Бред Пит, Рене Зелвегер, Рис Витерспун, но многу малку публика. Имено, на настанот можат да присуствуваат само номинираните, а тие смеат да донесат само еден гостин.
Наместо класичниот вид на доделување – театарска сцена и бројна публика, поради Ковид-19 Оскарите ќе имаат поинаква атмосфера и сценографија.
Изгледот во станицата Union Station за Оскарите е сработен од архитектонското студио Rockwell Group, чија сценографија потсетува на лаунџ-кафуле. Целта е на публиката да ѝ се понуди интересна сценографија, бидејќи може да им стане досадно доколку доделувањето се сведе само на Zoom квадратчиња.
Затоа просторот на станицата ќе биде претворен во гламурозен салон, со мини амфитеатар, со маси и столици. Ова е сосема поразлично од вообичаените окаровски церемонии, но потсетува на концептот на вечера од првото доделување на Оскар.
Предниот тревник на станица ќе се трансформира во салон на отворено гостите ќе престојуваат пред и по шоуто, главниот настан на доделување ќе се биде внатре во станицата, а настапите во живо во театарот Долби.