Забава // Занимливости
Еве како крадци крадат автомобили со помош на само еден лист хартија
- 21 Август, 2023
Дека имагинацијата може се, сведочи и ова видео на кое крадец успева да украде автомобил со помош на неверојатен трик.
За таа цел користи само едно бело парче хартија! Имено, откако сопственичката на автомобилот влегла во нејзиното возило, покрај него поминал маж и залепил бела хартија на стаклото зад совозачкото седиште.
Таа излегла да види што се случило, но во таа прилика, се разбира, не ја затворила вратата. Очекувала наскоро да влезе во нејзиниот автомобил и безгрижно да продолжи таму каде што застанала.
Меѓутоа, таа прилика ја искористи друг тип, кој се прикрадува, влегува во автомобилот и тргнува во непознат правец. Ова видео нека ви послужи како „поука“ за да не ве измамат вака!