ЕВЕ ОД КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ЕФТИНАТА ТАРИФА НА СТРУЈАТА: Бислимоски ги соопшти деталите
![](/media/main/2023/10/20231006110757.jpg)
Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.
- Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори, истакна Бислимоски.