Еве што ќе се случи ако ги затекнат граѓаните после 20 часот на улица: Вонредна состојба во Србија
Во Србија е прогласена воредна состојба поради коронавирусот.
На владина седница во Србија донесена е одлука со која им се забранува на граѓаните да излегуваат без посебна дозвола од 20 до 05 часот, а министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ гостуваше на јавниот сервис и објасни што значат овие одредби.
- Кого ќе го затекне полицијата на улица после 20 часот и нема писмена дозвола, ќе му биде напишанакривична пријава, ќе се спроведедо домашни адреси, а потоа ќе се води кривична постапка - рече Стефановиќ.
- Се разбира, полициски час, од 20 до 05 часот се однесува на сите. Со тоа, во времето кога луѓето се собираат најмногу навечер, постигнуваме со меркителуѓето тоа време да бидат дома. Суштински од 19- 19:30 часот. Веднаш ја намалувате концентрацијата на луѓето. Немате можност повеќе луѓе да бидат концентрирани и со тоа спречувате ширење на инфекцијата - рече министерот и додаде:
- Секако, ќе го земеме предвид и разговорот со работодавачите, кои работат трета смена ... МВР ќе го следи исполнувањето на мерката. Ќе има многу ригорозни контроли. Секој што ќе ги прекрши мерките, ќе биде кривично одговорен - рече Стефановиќ.
Во Србија веќе се спроведуваат нови построги мерки. Забрането е излегувањена лица постари од 65 години од 10 часот. Вучиќ рече дека продавниците и супермаркетите ќе бидат отворени за нив во недела наутро од 4 до 7 според посебни правила, каде сите ќе добијат маски и простор меѓу нив.