Еве што рече Новак Ѓоковиќ за Тоше Проески: Легенда за легендата

Денес ненадминливиот Тоше Проески ќе наполнеше 41 година.

Во една прилика тенисерот број еден Новак Ѓоковиќ изјави дека едвај чека да ја отпее песната „Зајди, зајди“ со македонските фанови.

„Сакам да ја посетам Македонија и да ги запознаам фановите во оваа земја. Ќе дојдам наскоро. Му посакувам се најдобро на македонскиот народ. Се надевам дека наскоро ќе ги видам моите обожаватели од Македонија и ќе се дружиме и ќе ја пееме заедно Зајди, зајди" рече и додаде дека честопати ги слави своите победи пеејќи македонски песни. 

Српскиот тенисер истакна дека ги сака сите песни на нашиот ангел Тоше Проески.

"Она што го направи Тоше е историја. Тој е легенда, кој за жал повеќе не е со нас. Неговите песни масовно се слушаат. Тоше беше фантастичен и неговите песни оставија свој белег на овие простори", гласеа зборовите на легендата за легендата.