Езеро со лебдечки острови и без дно: Многу блиску до нас

Недалеку од планината Копаоник, во селото Семетиќ, постои езерото Семетеќ, кое има необичен природен феномен.

Имено, островите лоцирани на езерото не се секогаш на исто место, тие пловат. Островите се вистинска атракција за сите туристи затоа што тие се движат кога дува ветер, а исто така и посетителите можат да ги „возат“

Езерото е долго 60 метри, а најголемиот лебдечки остров е долг 15 метри, обраснат со трска, па дури има и неколку високи дрвја.

Покрај овој остров, има неколку помали, а некои уништени од капачи.

Просечната температура на водата е околу 10 степени, а во лето се искачува до 20 степени.

Многу нуркачи дојдоа да ги истражат длабочините, но не се осмелија да нуркаат длабоко повеќе од десет метри, бидејќи  почувствуваа силни струи што ги привлекуваа во  длабочините.

Според легендата, ова езеро нема дно.