Финансирано од донации: Бразилците градат уште повисока статуа на Христос

Фото: EPA

Нова огромна статуа на Христос се гради на југот на Бразил и ќе биде повисока од славниот Христос Откупител кој се извишува над Рио де Женеиро.

Статуата се гради од 2019 година во градот Енкантадо во бразилската држава Рио Гранде до Сул. Завршувањето е планирано за втората половина на оваа година.

Основач на идејата е градоначалникот Адроалдо Конзати, кој почина минатиот месец од последица на ковид.

Христос Заштитник со постамент ќе биде висок 43 метри, а распонот на раката ќе биде 36 метри. Ќе има внатрешен лифт и белведер во близина на врвот.

За споредба, Христос Искупителот е висок 38 стапки со пиедестал, а распонот на раката е 28 стапки. Таа статуа ќе „наполни 90 години“ во октомври.

Енкантадо, во бразилска смисла, мал град со 22.000 жители, се наоѓа на 150 километри северозападно од Порто Алегре, главниот град на таа држава.

Статуата се поставува за да се поттикне религијата и туризмот во областа, велат локалните власти. Автори на скулптурата се татко и син, Генесио и Маркус Моура.

Цената на проектот е два милиони реали и тој е целосно финансиран од донации.

Тоа ќе биде трета највисока статуа на Исус во светот. Хесус Бунту Бураке во Индонезија и статуата на Кралот Христос во Сиебоџин, Полска, се високи повеќе од 50 метри.