Форбс објави: Софија Вергара е најплатената актерка во светот, еве кој се најде на второто и третото место

48-годишната Колумбијка заработувала по 500 000 американски долари по епизода во „Современо семејство (Modern family)“ минатата година, инаку добитник на Еми, а престана да се снима на почетокот на оваа година. 

Sвездата на „Модерно семејство“ Софија Вергара е на врвот на листата на „Форбс“ за најдобро платени актерки во светот, надминувајќи ги телевизиските актерки во годината кога киносалите западнаа во криза.

Вергара - која во моментов е судијка во шоуто „Америка има талент“ - заработи неверојатни 43 милиони долари во последните 12 месеци како плата и ангажмани. 

Форбс процени дека таа ќе заработи „најмалку 10 милиони долари по сезона“ за AGT, едно од најпопуларните натпреварувачки шоуа во САД.

Оскаровката Анџелина Џоли е на второто место на листата „Форбс“ со 35 милиони долари.

Sвездата на „Жена чудо“, Гал Гадот е на третото место со 31 милион долари, но дел од парите ги заработи во филмот „Црвено известување“ на „Нетфликс“.

Актерките кои заработуваат најмногу на телевизија или стриминг услуги се' исто така на врвот.