(ФОТО) Како вселенски брод: Вака ќе изгледаат седиштата во авионот по пандемијата
Новиот дизајн на седишта во авионот може да биде иднината на патувањето по пандемијата на коронавирус.
Овие се хигиенски панели поставени на секое седиште, а централните седишта во авионот би биле обратни. Компанијата Авиоинтериорс разви револуционерен начин на седење на авиони како превенција од зараза.
Во економската класа, секое седиште би имало пластичен оклоп во форма S, околу главата и од двете страни за да спречи контакт со патникот до него.
Овој панел или оклоп овозможува комуникација, но спречува вирусот да се шири меѓу патниците. Оклопот е така направен да не смета.
На овој начин, компанијата сакаше да го избегне или минимизира контактот и интеракцијата на патниците преку воздух за да ја намали можноста за зараза.
Овие оклопи може да бидат поставени на веќе постојните места во кабините на авионите.