(ФОТО) Што се крие зад оваа чудна дупка на Марс?

Марс е исклучително интересна планета која со векови ги фасцинира астрономите со својата прекрасна црвена боја. Многу проучувачи на научна фантастика ја одбрале оваа планета како родно место на интелигентни суштества кои не се од нашата планета,  вонземјаните – Марсовците.

Марс ги изненадува научниците со неочекувани мистериозни дупки, така, на 24 јануари оваа година, вселенското летало на НАСА (MRO) забележа зачудувачка црнa дупка во близина на еден кратер.

Оваа впечатлива празнина е всушност тунел формиран за време на вулканска активност под површината на Марс. Имено, на западните падини на вулканот Павонис Монс има голем број вулкански тунели.


По извршената анализа на последователните слики, откриено е дека станува збор за отвор со дијаметар од 35 метри, додека внатрешниот агол на сенката укажува дека самата празнина е длабока околу 28 метри. Сè уште не е познато дали шуплините имаат дополнителни тунели или зошто кружен кратер се наоѓа над оваа дупка.

Шуплините како овие се од особен интерес за научниците затоа што нивниот ентериер е релативно заштитен од зрачење и може да ги открие остатоците од античкиот живот на Црвената планета (доколку се развива таму).


Но, ни експертите сè уште не ги сфатиле тајните на оваа темна бездна.

"Засега не можеме да видиме никакви тунели, но тие би можеле да бидат во sидови што во моментов не се видливи. Ја свртивме камерата HiRise скоро 30 степени за да ја фотографираме оваа фотографија, но засега можеме да го видиме само грубиот источен ѕид на јамата", рече научникот Рос Бејер од тимот на „HiRise“.