Фотографија која го расплаче светот: Сиромашен возач на трицикл удри во скапоцен автомобил

Невообичаена несреќа што се случи во градот Гуијанг во кинеската провинција Гуижоу - ги растажи срцата на корисниците на Интернет, ширум светот. Мал трицикл за достава удри во задниот дел на скапиот Ролс Ројс Густ.
Да биде работата уште полоша, возачите на трицикли за испорака обично не се осигурани, ниту на личен ниту на ниво на компанија, па затоа мора да ја плаќаат од својот џеб штетата што ја прават.
Постојат многу тажни приказни за возачи на трицикли, велосипеди и мини комбиња кои банкротирале по судири. Јавноста повика на нови закони за заштита на овие луѓе, но засега без резултат.
Затоа не е изненадувачки што возачот на трицикл плачеше како мало дете по судирот, иако се чини дека штетата на Ролс Ројс е минимална. Сепак, дури и мала поправка чини неколку годишни плати на сиромашен возач на трицикли.