Фотографијата на сите им го збуни мозокот: Луѓето ја гледаат ОВАА СЛИКА со часови додека не сфатат дека не е фотомонтажа

"Го нарачавме тој кауч уште во септември и едвај чекавме да пристигне. Кога конечно го добивме, решивме да се фотографираме на него и да го споделиме на Инстаграм", рекла Кели, која ја создала оваа оптичка илузија со своето момче Сем од Лондон. Сосема случајно..

Фотографијата ги збуни сите, луѓето ја гледаат сликата долго време додека не разберат за што се работи 

„На почетокот не верував дека сликата е вистинска бидејќи мислев дека таквите оптички илузии се главно фотомонтажи“, рекла Кели, а нејзиното момче воодушевено од сликата рекол: „Таа фотографија е вистинска реткост. Тоа е како тебе. Видов еднорог!“.

На сликата Кели и Сем изгледаат како да си ги замениле телата, а финтата е како седнале двајцата или како се прегрнале.

Оптичката илузија им се допадна на илјадници луѓе, а парот ги збуни пријателите со сликата.

„Мислам дека ова е најголемиот успех што го постигнавме во карантин. Можеби дури и во нашите животи!“, се пошегува Кели, пренесе „24 sata hr“.