Фрапантна студија за интимни односи и брак го шокира светот
Научниците од Универзитетот во Калифорнија и Институтот за еволутивна антропологија „Макс Планк“ го негираа преовладуваниот поглед на односите и моногамијата.
Нивното откритие е толку епохално што директно ги уништува идеите за семејството и врските.
Според нив, апсолутно е контраиндицирано мажите да стапат во брак, дури и дека тоа донекаде е штетно.
Но, не само тоа. Антрополозите исто така се непопустливи дека за „доброто“ на жените, тие треба често да ги менуваат своите партнери.
Антрополозите ги испитале односите на племето Пимбвеј кои живеат во западна Танзанија веќе 20 години. Таму, мажите и жените уживаат целосна слобода во бракот: Секој партнер може да оди кај друг кога сака. Тие немаат ниту свадбени церемонии, ниту постапка за развод.
За време на истражувањето, се појавиле изненадувачки резултати: Жените кои ги смениле сопружниците, односно имале два или повеќе сопружници имале поздрави деца од оние кои живееле со истиот сопруг во текот на животот.
Според истажувањето и мажите кои се ожениле повеќе од два пати имаале поздрави деца од оние кои биле моногамни во текот на животот.
Што се однесува до жените, антрополозите сугерираат дека новиот брак им носи одредени социјални и економски придобивки - и ова ги зголемува шансите за благосостојба на нивните деца.
За што и да зборуваме, излегува дека студијата на антрополозите и нивните научни резултати ги уништуваат еволутивните стереотипи во кои живееме.