Фројд: „Наскоро ќе бидете опкружени со енергетски вампири кои се хранат со туѓата несреќа“
Неговите набљудувања за животот сè уште им користат на многу луѓе денес, бидејќи тие претставуваат безвременска мудрост
Многу од теориите на Зигмунд Фројд беа отфрлени веќе во текот на 20 век, но сепак неговата мудрост и набљудувања за човечката природа остануваат како вечен потсетник за посвесен и попаметен живот.
1. „Луѓето секогаш ги споредуваат вашите успеси со нивните, и ако вашите успеси се подобри, луѓето ќе се чувствуваат полошо. Ако сакате да создадете непријатели и завидливи луѓе околу вас, само почнете да зборувате за вашите победи“.
Секако дека треба да бидете горди на себе и своите достигнувања и не треба да ги криете. Но, внимавајте кога зборувате за вашите успеси, за да не навлегувате во фалење и предизвикување завист и љубомора. Внимателно проценете кому се обраќате за да не ги изгубите пријателите.
Слично правило важи и за неуспесите и неволјите во животот. Ако постојано зборувате за себе и за својот живот во негативен контекст, наскоро ќе бидете опкружени со енергетски вампири кои се хранат со туѓата несреќа.
2. „Ако сакате да ги уништите сопствените планови – кажете му на целиот свет за нив“.
Ова веројатно ви е познато и веројатно ви се случило. Им кажувате на луѓето што планирате, ги изложувате деталите, полни сте со ентузијазам, а потоа сè одеднаш оди надолу.
Фројд верувал дека проблемот не лежи во влијанието на другите луѓе, туку во нас самите: „Штом зборувате за вашите планови, добивате одобрение споредливо со нивните достигнувања. Мозокот ја губи мотивацијата, страста и интересот“.
Зборувањето за планови веќе ја исцрпува мотивацијата и се губи интересот за спроведување на планот (нашиот мозок се регистрира како веќе да има направено многу работи). Би било паметно поголемиот дел од плановите да ги задржите за себе, пренесува Крстарица.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: крстарица