ГЕНИЈАЛНО: Овој човек смислил како да јаде цела година бесплатно во луксузен ресторан!
фото: PRINTSCREEN
Еден човек од Кина сфатил како да јаде бесплатно цела година во луксузен ресторан.
Благодарение на неговата уникатна идеја, тој јадеше секојдневно во еден бар на кинескиот аеродром, бесплатно.
Имено, тој секој ден влегуваше во луксузниот бар на аеродромот затоа што имал билет од прва класа што никогаш не го искористил за патување, туку само со него влегувал во ресторан. Кога ќе се најадел, одел на шалтер за да го смени билетот за следниот ден.
Откако добивал нов билет, се враќал дома, а потоа доаѓал повторно следниот ден за бесплатна храна и пијалок.
И така за една година, тој го сменил авионскиот билет повеќе од 300 пати.
Надлежните таму конечно забележале дека човекот премногу пати го одложувал летот, а Кинезот на крај го откажал билетот и добил целосен поврат на средства за билетот.
извор: београд.ин