Германска компанија нуди БЕСМРТНОСТ за 200.000 долари! Еве како оди тоа
БЕСМРТНОСТ, Лудило, болест или нешто друго, поголемо?
Германска компанија нуди БЕСМРТНОСТ за 200.000 долари!
„Tomorrow Bio“ нуди можност за продолжување на животот со надеж дека зачуваните тела можат да се оживеат кога науката ќе го овозможи тоа.
Идеите за научна фантастика кои до неодамна ги гледавме во филмовите стануваат се повеќе реалност. Замислете ја можноста да бидете замрзнати по смртта со надеж дека еден ден ќе оживеете благодарение на идната технологија.
Оваа идеја стана реалност во Германија благодарение на германската стартап компанија „Tomorrow Bio“.
Иако цената на услугата е 200.000 долари, интерес веќе пројавиле над 650 луѓе. Компанијата, основана во 2020 година, досега замрзна шест луѓе и пет домашни миленици, а планира да се прошири на американскиот пазар до 2025 година.
Процесот на криопрезервација започнува веднаш по смртта. Специјализиран тим го лади телото до -80°C и ги заменува телесните течности со криопротективни средства. После тоа, телото се чува во швајцарски објект на температура од -196°C.
Фернандо Азеведо Пинеиро, еден од основачите, верува дека може да бидеме сведоци на напредок во криопрезервацијата и реанимацијата на сложените организми во нашиот живот. Компанијата го започнува процесот на криопрезервација веднаш по смртта, користејќи специјализирани клиники во европските градови како Берлин, Амстердам и Цирих.
По транспортот, телото се става во челичен сад со течен азот и се чува на минус 198 Целзиусови степени десет дена за да се постигне потребната температура за зачувување. Теоријата е дека медицинскиот напредок во иднина би можел да овозможи оживување на зачуваните поединци и лекување на болестите што довеле до нивната смрт.
Сепак, криопрезервацијата не е без етички и филозофски дебати. Критичарите поставуваат прашања за моралните импликации на биостазата, несигурноста на оживувањето и можните социјални влијанија на таквите технологии.
Клиентите кои ќе се одлучат за оваа опција плаќаат членарина од најмалку 25 евра месечно до моментот на криопрезервација. Трошоците за мирување и складирање се плаќаат кога зачувувањето станува неопходно, додека алтернативно може да се избере да се зачува само мозокот за 80.000 евра.
(„Планета“)