Германска вакцина против коронавирусот: Животните развиле имунитет
Германската компанија CureVac соопшти дека нејзината експериментална вакцина против новиот вид на коронавирус предизвикала имунолошки одговор кај животните на кои се администрирала помала доза.
Компанијата објави дека има намера да започне човечки испитувања во јуни и дека сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцина може да предизвика силен имунолошки одговор на неутрализацијата на вирусот САРС-КоВ-2“.
Претприемачот Дитмар Хоп е ко-основач на CureVac и поседува повеќе од 80% од акциите, пишува Ројтерс .
И САД беа заинтересирани за вакцината?
Според извештаите на медиумите, Соединетите држави се обиделе да дојдат до вакцината, што предизвика политичка реакција во земјата во март, а германските власти изразија желба CureVac да остане германска компанија.
Менаџментот на CureVac негираше дека добил понуди од Соединетите држави.
Компанијата со седиште во Тибинген, поддржана од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, претходно објави дека се надева дека ќе ја развие вакцината до јуни или јули до степен до кој ќе може да започне со тестирање врз луѓето.
CureVac го користи таканаречениот пристап за РНА-месинџер (mRNA).