Германскиот „Алкатраз„: Дали таму се крие спасот за коронавирусот?
На германскиот балтички остров, каде некогаш нацистите го истражуваа биолошкото оружје, германските научници развиваат вакцини кои спасуваат животи.
Пристапот до островот Реимс е најстрого ограничен. Научниците кои работат таму мора да поминат при влез и излез низ силен туш кој дезинфицира. Потребни се и заштитни, посебно направени непробојни костуми.
Исто така, има и десетици животни намерно заразени со вируси за се следи состојбата и да го испита текот на болеста.
„Ние сме Алкатраз за вируси, строго заштитен затвор од кој не смее да се бега“, вели Франц Конратс, заменик директор на Институтот Фридрих Лофлер.
Сместен јужно од живописниот остров Руген, Реимс е глобален центар за патогени микроби, беснило, ханта, марбург, африканска свинска треска, ебола... најопасните висруси на планетата.
А, лабораториите што ги чуваат токму тие вируси и штали со заразени животни имаат безбедносно ниво 4 - највисоко во Германија.
„Ние правиме се што можеме за да ги спречиме вирусите да се шират“, вели Конратс. „Тоа е од суштинско значење за нашата работа“.
Институтот Фридрих Лофлер е најстариот светски центар за проучување на вируси. Основан е во 1910 година од научникот чие име го носи денес.
Зафаќа речиси целата површина на островот, долг илјада метри и 300 метри широк.
Од 1970 година, со насип е поврзан со копното.
Германската влада инвестираше околу милијарда евра во институтот во последните десет години, главно за подобрувања во инфраструктурата и опремување на просторот. Денес има 89 лаборатории и 163 комори.
„Нашата најважна задача е да се подготвиме за епидемија“, вели Контрас, цитирајќи го примерот на корона вирусот кој моментално му се заканува на човештвото. „Ние мора да бидеме подготвени“.
На островот има меѓу 80 и 100 големи животни, алпаки, свињи, крави, кози, овци, глувци, лилјаци, мајмуни...
Кога заразеното животно станува премногу болно, научниците го успиваат да да не пати.
Институтот вели дека заразувањето животни е неопходност. Само тогаш и скоро никако поинаку научниците можат да откријат како животните можат да се заразат во природа, како се развива болеста и како реагира животното.
Бидејќи се спроведуваат тестови за развој на вакцини кои можат да спасат милиони животни, Конратс ги смета постапките за „оправдани“.
Во таканарелениот Алкатраз се тестира и корона вирусот. Се прават натчовечки напори да се изнајде вакцина и трајно решение. Постојано пристигнуваат нови тестови, нови резултати, па можно е за брзо време токму од таму да пристигне и новатас супер вакцина против ковид-19.
Вирусите се чуваат во скоро непробојни комори- сефови.
Таму се чува и најопасниот вирус на светот- Марбург.
Името го носи по еден мал и идиличен германски град во кој браќата Грим собраа идеи за своите бајки. За прв пат е идентификуван таму во 1967 година, кога вработените во една лабораторија биле заразени преку зелени мајмуни од Уганда. Седум лица беа убиени од треска на Марбург тогаш. Вирусот предизвикува хеморагични заболувања и, како и во случајот со ебола, предизвикува напади и крварење на мукозните мембрани, кожата и органите. Стапката на смртност кај заразените лица е 90 проценти.