Ги ампутираше прстите за да се приближи до својата конечна форма

Французин кој себеси се нарекува Црн вонземјанин неодамна ампутираше два прста како дел од последната екстремна модификација на телото ...

Ентони Лофредо, или „Black Alien Project“, како што е познат на социјалните мрежи, е целосно покриен со тетоважи и има бројни пирсови, но тие не се ништо во споредба со сериозните модификации на телото на кои се подложил, вклучително и отстранување на усните и носот.

Во својот последен луд потфат, Ентони заминал во Мексико каде му биле ампутирани два сосема здрави прсти од левата рака. Триесет и тригодишниот Лофредо на платформата Инстаграм сподели видео од својот нов изглед, со опис: „Го развив мојот внатрешен мир“, на англиски и шпански.


Споделувајќи фотографии од неговата сошиена рака, овој вонземјанин напиша: „Еволуцијата на црниот вонземјанин 33%“, што е показател за тоа до каде стигнала досега неговата трансформација во целосно црн вонземјанин. Заедно со отстранувањето на носот и прстите, овој човек ги извадил и ушите, ги истетовирал очните јаболка во црно, ставил трансдермали под скалпот и лицето и го поделил јазикот на половина.

Сите негови модификации имаа голема цена, додека тој самиот објасни дека по минатогодишното отстранување на усните се мачел со говорот, но и тоа на крајот не успеало да го спречи да ги оствари своите лични цели. Во друга објава на Инстаграм, Французинот ги откри своите планови на сличен начин да ја осакатува десната рака, заблагодарувајќи им се на своите следбеници за поддршката и енергијата што му ја даваат при подготовката за другата рака.

Објаснувајќи ја својата желба да го создаде ликот на црниот вонземјанин, Лофредо изјави за француската новинска агенција Midi Libre: „Од мал бев целосно фасциниран од мутациите и трансформациите на човечкото тело. Нешто пукна во мене кога работев како чувар, сфаќајќи дека не го живеам мојот живот како што отсекогаш сакав. Престанав со се што правев и тргнав за Австралија. Секој ден, дури и несвесно, постојано размислував за моите планови за следниот месец. Обожавам да ја играм улогата на овој страшен лик“.