Ги дрогирала пријателите и себе си со седативи за коњи
Една госпоѓа која е специјализирана за ветеринарна медицина во Австралија доби забрана да ја врши својата пракса бидејќи се дрогирала себе и нејзините пријатели со седативи за коњи ...
Кетрин МекГиган, која работи во ветеринарната клиника Мареј во Кулуп од 2015 година, доби отказ и забрана за вршење на оваа работа откако беше прогласена за виновна за непрофесионално однесување и незаконска употреба на наркотици за човечки цели, а наменети за животни. Поради седативи за коњи, оваа жена остана без лиценца и повеќе не е пријавен ветеринарен хирург во Австралија, а дополнително е казнета со илјада долари.
МекГиган на анонимна двојка со која често се дружела и со кои повремено патувала и рекреативно уживала во други наркотици, како екстази и кокаин, дала седатив за коњ, попознат како кетамин. Кетаминот главно се продава во форма на бел или кафеав кристален прав, и покрај тоа што изгледа слично на кокаинот, ја намалува болката кај луѓето и доведува до отсуство и чувство на поспаност.
За време на една ноќ на жестока забава, оваа жена земала шише со сто милиграми кетамин од својот автомобил за своите пријатели и за себе. Следниот месец, од парот беше побарано да ги чуваат овие третмани во тајност, бидејќи во спротивно ќе останат без лиценца и работа ако се дознае.
Меѓутоа, еден месец подоцна, Мегиган на истата жена и инјектирала 20 мл дијазепам, друг болнички лек кој главно се користи за опуштање на нервите и мускулите, за да и помогне да се симне од облаците. Таа наводно ја проголтала својата доза директно од шприц, а кратко по божиќните празници, минатата година, според ветеринар, користела доза Airway Gel, кој главно се користи за решавање на какви било респираторни проблеми кај коњите.
Откако била откриена, оваа жена се нашла пред комисија каде што нејзините дела биле означени како срамни и нечесни од регистрационата комора на ветеринарни хирурзи, бидејќи го нарушиле нивниот добар углед и углед на овој државен орган. МекГиган ги признала своите постапки, додавајќи дека се е нејзина вина и дека се покајала, целосно прифаќајќи ја одговорноста за своите постапки.