Ги нема- заради паника? ПАДОБРАНИ во авионите! Што мислите, дали се неопходни?
Ако сте летале барем еднаш, веројатно сте се запрашале зошто авиокомпаниите не обезбедуваат падобран за секој патник во случај на несреќа.
Отсуството на падобрани во авионите е од бројни причини. Една од причините секако е фактот што воздушниот сообраќај е еден од најбезбедните. На пример, веројатноста за смрт во текот на летот е 1:11 000 000, додека во патниот сообраќај односот е 1: 5 000.
Со оглед на тоа што стјуардесите не' подготвуваат за можни непријатности, меѓу другото, со тоа што не' учат како да ставиме маска за кислород, но и појас за спасување, прашањето зошто нема падобран секако е оправдано. Еве кои се конкретните причини:
1. Авион лета на височина од 10.000 km, со брзина од 800-1000 km/h. Во атмосферата, на овие височини, температурата е од -40 до -60 и практично нема кислород. Падобранот е апсолутно бескорисен бидејќи во тие услови човек не може да преживее.
2. Најголем број на несреќи се случуваат при полетување и слетување. Во тој случај, патниците дефинитивно не би имале време да користат падобран. На толку мали надморски височини, падобранот не би можел да се отвори.
3. Присуството на падобран може само да ја влоши атмосферата во текот на летот и да ја направи неподнослива за некои патници. Тоа што се во авион е доволно за некои луѓе да не се чувствуваат безбедно, а доколку во целата приказна се вметне и падобран, ситуацијата би можела да стане уште полоша.
4. Паниката е повторно причина. Во случај на опасност, повеќето луѓе не би можеле да стават падобран, ниту мирно да стигнат до местото каде што треба да скокнат, а прашање е дали би биле доволно обучени и информирани да го отворат падобранот во вистинско време.
6. Падобраните се дефинитивно скапи, но тоа не е главната причина зошто ги нема. Авионите се натоварени со дополнителна тежина и тоа е многу поважно. Дополнително, би го ограничило просторот за складирање на багаж, а тој простор дефинитивно ни е неопходен, особено ако одиме на подолго патување или патуваме со мали деца.