Ги поддржувам фановите на сите земји и сум горда косовска Албанка: Рита Ора не знаела дека знамето е српско

Пејачката Рита Ора по видеото од нејзиниот концерт на кое се гледа српското знаме, изјави дека не знаела чиј национален симбол е тоа

Таа на Клан Косова рекла дека знамето ѝ го подарил обожавател и дека не знаела на која земја ѝ припаѓа, а откако се симнала од бината сфатила дека знамето е српско, пренесува „Косев“.


Пејачката истакна дека е горда Албанка и дека намерата не ѝ била да не го почитува својот народ.

„Синоќа додека настапував на фестивалот СЗИН во Унгарија, добив знаме од млад фан. Од осветлувањето директно во моите очи, не можев јасно да видам која земја ја претставува знамето. Само што се симнав од бината, сфатив дека тоа е српско знаме, а не унгарско. И покрај тоа што ги поддржувам моите обожаватели од сите земји и култури, сакам јасно да кажам дека сум горда косовска Албанка и дека немав намера да го непочитувам моето наследство, ниту да го вознемирувам мојот народ или моето семејство“, рече Рита Ора.

Извор: www.danas.rs