Ги раздели коронавирусот: Еден трогателен момент кога син ја виде својата мајка по 29 дена
Пандемијата на коронавирус доведе до затворање на границите, изолирање дома и социјална дистанца. Во некои случаи, пандемијата исто така раздели цели семејства. Ова е причината зошто моментот кога едно момче во Кина конечно ја виде својата мајка, по 29 дена разделување, е особено скапоцен.
Се работи за здравствена работничка кој помина 15 дена во одделение заразено од коронавирус во една болница, борејќи се да ги спаси своите пациенти, а потоа помина уште две недели во самонаметнат карантин. Таа се врати дома на 14 март во градот Шијаџаунг во провинцијата Хебеј, пренесува UNILAD..
Штом излезе од автобусот, нејзиното дете полета во нејзините рацете плачејќи. Можете да го видите потресниот момент на обединување на мајка и син во видеото подолу.
Од декември, во Кина се пријавени над 80.000 случаи на вирусот Covid-19. Сепак, неодамнешните податоци покажуваат дека има успех во начинот на кој локалните власти и надлежните здравствени власти го контролираат ширењето на инфекцијата. Д-р Гауден Галеа, претставник на СЗО во Кина, вели дека другите земји можат да научат многу од кинескиот пример.
"Природниот тек на епидемијата не мора да достигне скала што ќе предизвика преоптоварување на здравјето. Лекцијата, во овој случај, е да се намали заразата, што е она што другите земји треба да го усвојат и применат", вели д-р Галеа.