Ѓаволски структури во Македонија: Нема објаснување до денес за нивното настанување
Ѓаволскиот Ѕид се наоѓа околу 2 км југоисточно од врвот Свети Јовански рид и околу 250 м. северно од реката Брегалница, на надморска височина од околу 250 м. Месноста во која е сместен е релативно слабо пристапна. Со теренско возило, до него може да се пристапи од два правци. Структурата на карпите не е целосно хомогена и содржи квартни жици и песочници, па на одредени места постепено се создаваат пукнатини и мали процепи кои на Ѓаволскиот Ѕид му даваат мозаичен изглед како на ѕид изграден од камени блокови.
Постои научен спор во однос на потеклото на Ѓаволскиот Ѕид. Најзастапено е мислењето дека се работи за природна карпеста појава, но постојат и мислења дека станува збор за древна мегалитска градба. Во 1970 година, југословенскиот археолог Милутин Гарашанин утврдил присуство на врзивен материјал со црвена боја меѓу некои од блоковите, што оди во прилог на тезата дека се работи за човечка творба. Сепак, ваквата претпоставка наметнува колебање околу тоа како се изведувала изградбата, бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапно терен. Поради тоа, превезувањето на огромни камења тешки и по 4 тона барало соодветна техника и умешност на градителите.
Предание за Бог и ѓаволот
Кај народот од околните места постои верување дека градбата е дело на надземни сили, односно на ѓаволот, па оттаму и го добил името „Ѓаволски ѕид“. Според легендата, ѓаволот се обложил со Бога дека за една ноќ ќе изгради ѕид и ќе ја пренасочи Брегалница преку ридот кон Овче Поле. Ноќта започнал да го гради ѕидот и тоа го правел со голема брзина, така што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Но, откако Бог увидел дека заканата дека заканата станува реалност, предвреме разбудил еден петел кој пропеал, означувајќи го почетокот на зората, па така ѓаволот не успеал до крај да оствари својата замисла.
Предание за вонземски сили
Во малку подревен облик, кај народот пости верување дека ѕидот е дело на вонземјани, а во прилог на ова преданиесе наведуваат приказни според кои во последните пет декади наводно над Ѕидот виле забележани педесетина неидентификувани летечки објекти. Мештанин познат како Дедо Иљо од селото Богословец велел дека уште како дете со своите другари забележувал необични летала коишто често го надлетувале Ѕидот и предизвикувале страв кај месното население. Голем број риболовци и ловци исто така забележале надлетување и дури спуштање на необични летала. За вакви необични појави во 2020 година се пишувало во повеќе медиуми во Македонија и во странство.
Тунел со богатство од римско време
Меѓу трагачите по злато е распространета приказна според која Ѕидот потекнува од римскиот период и дека тој крие тунел со големо богатство. Тунелот е обележан и на некои топографски карти коишто вешти измамници им ги продаваат на научни трагачи по богатство. Според нив, тунелот е главна причина што Ѕидот го посетуваат диви копачи на богатство. Некои медиуми пишувале дека хеликоптер на НАТО од подножјето на ѕидот кренал огромна плоча, а очевидци тврделе дека притоа е изнесено големо богатство. Освен тоа, во повеќе наврати биле забележани диви копачи од соседната земја кои претставуваат опасност за состојбата на Ѕидот.
Ѓавоското око, единствена структура во светот
Нашата земја е богата со интересни природни реткотсти, некои ги нема ниту на едно друго место во светот. А, имаме и таинствени места кои се исполнти со мистика и легенди.
Локалитетот Цоцев Камен се наоѓа на 25 км западно од градот Кратово, на надморска височина од околу 400 м, помеѓу селата Коњух на запад и Шопско Рударе на исток, во близина на маалото Цоцевци, по кого и го добил името.
Цоцев Камен е вулканска карпа која со својата специфична структура и облик се издвојува од околината. Висока е околу стотина метри и опкружена со вулкански карпи и пештери во кои се скриени трагите на живот од праисторијата. Станува збор за неолитска населба во која населението се занимавало со земјоделство и лов. Многуте видливи остатоци и предметите пронајдени во близина говорат дека карпата била духовно светилиште.
Се верува дека карпата е користена за посебни ритуали, според вдлабнатините во неа, во вид на катно поставени пештери, со платоа пред нив, со камен престол, седишта, остатоци од скалила и со базени за ритуално капење. Тука биле изведувани ритуални танци со принесување жртви на боговите на виното и плодноста. Во една пештера има со црвена боја нацртани симболи на човечки, животински, геометриски и недефинирани мотиви.
Источно од карпата се забележуваат исправени камења, односно мегалити или ориенти по кои се одредувала сончевата и месечевата позиција. На врвот на карпата е престолот, свртен кон исток, од каде се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. Опсерваторијата се одржувала од каменото време, па во неолитот и во бронзеното време. Светилиштето се смета дека згаснало неколку века по новата ера.
Вредноста на Цоцев Камен е откриена во 1971 г. Не постојат цврсти научни докази дали станува збор за праисториска мегалитска опсерваторија. Некои истражувачи сметаат дека е единствен локалитет во светот кој има и светилиште и жртвеник и опсерваторија.
Постои легенда за „ѓаволското око“ на Цоцев Камен која вели дека луѓето кои живееле во пештерите биле многу сложни и работливи. На врвот живеел ѓаволот кој им наредувал, но тие не го слушале. Кога се појавиле парите, ѓаволот им рекол: „Досега јас одлучував кој да живее, а кој да се отепа, а отсега парите ќе ве командуваат и ќе ве отепуваат.“ А постои и едно пророштво, кое сѐ уште не е потврдено, дека Цоцев Камен крие огромно богатство: „Цоцев Камен е шуплив откај реката и кога врата ќе се отвори, за Македонија ќе има доволно. Копачи нема да ја отворат, туку голема вода и ќе се открие што оставил цар Македон.“
Ѓаволскиот мостМостот е поставен над карпеста провалија длабока 15 метри, на надморска височина од 1.522 метри, под сртот на Беласица и е наменет за планинари, велосипедисти и спортски мотоциклисти.
место полно со мистика и народни верувања заради недостапноста и величествените спили.
Првиот документиран податок за постоење на широк дрвен мост е од периодот на Првата светска војна, од 1914 година, а порано војската сè до раните 70-ти години од минатиот век го користела за гранична патрола зашто е во непосредна близина на грчката граница, но потоа се распаднал.
Преданието вели дека Германците кога минеле таму носеле огромно количество на злато и на тој мост им паднал. Наводно, натрпиродни сили им го турнале. И во турско време преку овој мост наводно се пренесувало многу злато. И тоа богатство им испаднало од мостот, а агата го проколнал местото со зборовите дека кој ќе го бара златото тука, никогаш нема да се врати...Дури неодамна, овој мост доживеа реконструкција. Поставен е железен мост.