Гледате минијатурни врати кои ги има на секој чекор во овој град! Зошто?
Мали врати за куќи низ градот Ен Арбор, Мичиген, САД
Градот Ен Арбор се наоѓа во југоисточниот дел на државата Мичиген во САД, а стана светски познат благодарение на идејата на писателот за деца Џонатан Рајт. Во 1993 година, за да ги маѓепса- восхити своите деца, писателот направи мала врата за самовили и џуџиња во својата куќа.
Направил четири од нив: две во кујната, по една на каминот и на скалите. Дванаесет години подоцна, Рајт ја сподели својата идеја со другите. Во 2005 година се појавија првите мали врати на јавно место во градот Ен Арбор. Денес на ѕидовите на зградите, кафулињата, рестораните, продавниците и библиотеките можат да се видат стотици мали врати.
Децата носат подароци за самовили: пари, слики, разгледници, сјајни камења и бонбони. Во некои туристички области има книга каде што гостите можат да ги споделат своите претпоставки за потеклото на мистериозната врата или да нацртаат слика на тема џуџиња.
Џонатан бил инспириран од ова, па напишал книга за деца наречена: „Што се крие зад магичната врата?“ Мистериозната врата во Ен Арбор стана еден од симболите на градот.