Го изгубија животот скокајќи со автомобил од трети кат

Двајца тест-возачи ги загубија животите откако електричниот автомобил Nio што го тестираа во Шангај „слета“ од третиот кат на административната зграда на кинеската компанија ...

Еден член на персоналот и едно лице од партнерската компанија биле во автомобилот кога паднал од зградата минатата недела, како што изјавил производителот на автомобили во својата објава на Веибо, која наскоро ќе биде избришана. Спасувачките екипи се снимени како се обидуваат да ги извлечат патниците од руина, покриени со скршено стакло и остатоци создадени со пробивање на фасадата на управната зграда.

Моделот вклучен во оваа несреќа изгледа како модел ET5 и е опремен со технологија за автономно возење, пренесува China Morning Post. 

Водачите на Нио го потврдија започнувањето на истрага за смртта на двајцата мажи и извештајот е во соработка со владини претставници. Во друга објава на „Веибо“, компанијата истакна дека инцидентот всушност е несреќа што не е предизвикана од проблем на возилото.

Како што се вели во официјалното соопштение на компанијата Нио: „Нашиот бренд соработува со полициски службеници и заедно ќе ја активираме истрагата и анализата за тоа што доведе до оваа несреќа. Врз основа на анализата на состојбата на лице место, првично можеме да потврдиме дека оваа сообраќајна несреќа не е предизвикана од дефект на возилото. Ужасно ни е жал што ова се случи и сакаме да изразиме сочувство до семејствата и пријателите на нашите колеги и соработници кои ги загубија животите. Составивме и тим кој ќе биде задолжен исклучиво за помагање на семејствата“.