Ѝ го јаде лицето: Камерата за бакнежи „улови“ сцена која ја згрози салата (ВИДЕО)

Тие едвај дочекаа да се појават на видео бимот и да прослават на овој начин.

Камерата за бакнежи е популарна на спортските игри во Америка, а на многу парови не им е многу удобно кога треба да се бакнуваат пред сите. Сепак, парот кој беше фатен на кошаркарскиот натпревар на Никс против Портланд Трејл Блејзерс пред две години во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден, се чинеше дека одвај чекал да се појави на големото платно.

Сепак, тоа беше прилично непријатен момент бидејќи бакнежот на младата двојка изгледаше прилично грдо. Младиот човек решил да ѝ подари француски бакнеж на својата девојка, но тоа се претворило во агонија од десет секунди, па многумина се прашувале дали тој некогаш ќе престане. За работите да бидат уште посмешни, додека се бакнуваше со својата девојка, и самиот снимаше со телефон.

Видеото од заљубениот пар веднаш се прошири на Интернет и се уште се споделува на социјалните мрежи. Тој предизвика лавина од урнебесни коментари, а многумина се запрашаа што ѝ прави дечкото на својата девојка. Некои се согласија дека тој одлично ја покажал техниката на давање вештачко дишење.

– Тој буквално ѝ го јаде лицето – е само еден од коментарите.

ВИДЕО;

извор:objektiv.rs