Го нарекуваат „СМРТ“: Морничав хотел во кој се случија необјаснети и одвратни злосторства (ВИДЕО)
Дом за несреќни и
сериски убијци
Нетфликс објави трејлер за новата серија за озлогласениот хотел „Сесил“ во Лос Анџелес во кој загинаа најмалку 16 лица и кој го доби прекарот „Хотелот на смртта“.
Во серијата „Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel“, што ќе излезе на 10 февруари, ќе се истражува смртта на 21-годишната канадска студентка Елиза Лам, чие тело беше пронајдено во резервоар за вода во хотелот во 2013 година, а никогаш не е објаснето како телото стигнало таму.
Иако нејзината смрт беше прогласена за несреќен случај, таа беше обвиткана со превез на мистерија, а снимката од надзорната камера на хотелот на која Елиза последен пат беше видена жива, стана вирална поради нејзиното необично однесување.
Елиза не е единствената што го доживеа крајот на својот живот во овој хотел, тој е позната по многубројните убиства, самоубиства и други злосторства што се случија во него од неговото градење во раните дваесетти години на 20 век.
Во текот на 30-тите години на минатиот век, според „Лад Библеја“, биле убиени дури шест лица, а во 1944 година, мајка тинејџерка го фрлила своето новородено бебе низ прозорецот.
Урбан мит е дека познатата Црна Далија, Елизабет Шорт, чие убиство од 1947 година никогаш не било решено, била видена како пие пијалок во хотелскиот бар само неколку дена пред нејзината смрт.
Во 1964 година, се случило уште едно неразјаснето убиство во хотелот Сесил. Во него беше пронајдено телото на пензионираната телеоператорка Голди Озгуд, која беше силувана и претепана пред нејзината смрт.
Двајца сериски убијци, Ричард Рамирез и Џек Унтервегер, еднаш престојувале во хотелот. Рамирез, извршил рација во Лос Анџелес во 80-тите години на минатиот век, убивајќи дури 13 лица пред да биде заробен. Се верува дека Унтервегер убил најмалку три проститутки за време на неговиот престој во хотелот.
Серијата „ Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel“ е снимена од режисерот Џо Берлингер (Conversations With a Killer: The Ted Bundy Tapes, Paradise Lost) кој вели дека бил фасциниран од случајот со Елиза Лам.
"Моите претходни проекти беа за индивидуални злосторства, но никогаш не истражував одредена локација која може да влијае на голем број кривични дела. Фасцинантен ми беше фактот што Елиза исчезна на локација која со децении е местото на разни злосторства", рече тој.
Патем, Елиза имала сериозни ментални проблеми, па можно е случајно да залутала во резервоарот за вода. Што се однесува до големиот број кривични дела во хотелот, треба да се има предвид дека тој се наоѓа во неславната област на Лос Анџелес, па затоа не е ни чудо што отсекогаш привлекувал толку многу несреќни или опасни луѓе.
Фото: Инстаграм/hauntedroadtrip.usa
Можеби ќе ве интересира:
ПАТ ОД ПЕКОЛОТ! Дали би се осмелиле да влезете во овој автобус? (ВИДЕО)