Го плаќаат за да не работи ништо: Зима повеќе од 80 евра за само еден час

Знае како да ги наплати своите услуги...

Младиот Јапонец Шоји Моримото веќе три години живее од тоа што луѓето го изнајмуваат да не работи ништо.

За CBS раскажа дека со години членовите на семејството му зборувале дека е мрзелив, дека така не се живее и дека нема ништо да постигне во животот, но тој за тие коментари не се грижел.

Своите „услуги“ ги понудил онлајн

Уште во 2018 година добил идеја да не работи ништо и тоа да го претвори во професија, а своите услуги ги понудил онлајн.

„Напишав дека не чистам, дека не сум тука за разговор, туку дека сум само тука и луѓето почнаа да ми се јавуваат. Моите услуги ги користат луѓе кои се плашат да одат сами во продавница, оние на кои им е срам некаде да се појават без придружба, луѓе кои само сакаат со некој да седнат и да испијат пијалок. Одлично сум исполнет, имам по три работи на ден“ - додаде.

Открива дека со една девојка секоја недела оди на кафе и дека тоа е тоа.

Цената му е 100 долари за еден час

„Не разговараме. Само седиме и на неа тоа ѝ е доволно“ - вели Шоји. Поради својата мрзеливост станал популарен во Јапонија, а своите услуги ги наплаќа по 100 долари за еден час.

Го викале да им помага во чистење на куќите и перење на алиштата, но тој тоа го одбил бидејќи не сака да работи.

Пропратно пишува и книги

Пропратно напишал 4 книги, а додека не пишува, времето го поминува со непознати луѓе. Една вечер бил на пица со 44-годишната Тамами Мијазаки. 

„Со пријателите мора да се грижиш дали ќе им се допадне кафулето или не. Но, кога ќе изнајмиш друштво, тоа вели само да или не. Тоа е помалку драма отколку да излезеш со пријателите“ - кажа Тамами, додека Шоји додава дека „нема ништо позабавно од тоа да не се работи ништо“.