Го победи коронавирусот на 91. година и стана симбол на надеж
GENEVA WOOD (90) од Сиетл го собори коронавирусот и стана симбол на надеж за илјадници заразени Американци, особено повозрасните, како и на милиони од оние кои се плашат да се заразат, пренесуваат американските медиуми.
Таа се зарази со вирусот кон средината на февруари, како и многу жители во Центарот за стари лица во Сиетл.
Од нив, 132, повеќе од шеесет проценти се разболеле, а една четвртина починала од ефектите на Ковид-19.
Нејзината внука Кејт Нејдиг изјави за медиумите дека болеста на баба и е потврдена на 6 март. Таа заврши во Центарот во јануари по мозочен удар.
Кејт вели дека не е изненадување што баба и се излечила затоа што секогаш била борец. Таа преку болничкото стакло испраќала пораки во кои се вели дека ќе „победи“ и дека „ќе се гордее со неа“.
Кејт напиша на Фејсбук дека нејзината баба барала супа од компири додека била болна, а сега сите, вклучително и лекари и медицински сестри, се шегуваат дека ова и помогнало да се опорави и бараа од„магичениот“ рецепт.
GENEVA WOOD има пет деца, 11 внуци, 12 пра внуци и три пра пра внуци. Постојано е опкружена со голема љубов, што може да биде и причината за нејзиното закрепнување, вели Неидиг и додава дека се надева дека бабата ќе биде ослободена од болничко лекување следната недела.
Пред неколку дена, иранската државна новинска агенција Ирна објави дека 103-годишна жена е излечена во еден град на 180 километри оддалеченост од Техеран, а британските медиуми објавија за успешно заздравување на брачна двојка во Хангжу. Тој беше кинески астроном и имаше 98 години, а неговата сопруга 85.
Еден од најстарите излекувани луѓе во Кина е, според италијанските медиуми, бискупотНањанг кој има 98 години.