Го погоди гром: Мора да погледнете- преживеа

Еден чувар во Индонезија имаше неверојатна среќа што за чудо преживеа удар од гром. Видеото е неверојатно и го прикажува моментот кога неговиот чадор го удри гром и тој исчезнува во светлината, па чуварот паѓа на земја.

Сè се случило на 20 декември кога 35-годишниот Абдул Росид патролирал во дворот на еден магацин во Џакарта. Додека се движел низ дворот, удар на гром го соборил на земја, а на помош брзо му дошле и другите обезбедувачи.


Росид бил итно пренесен во болница каде што било откриено дека се здобил само со изгореници на рацете и бил пуштен на домашна нега неколку дена подоцна, според Њујорк пост.


Фото: Youtube