Го покажа пасошот на аеродром: Останаа во чудо кога видоа што пишува во него

Вработените на аеродромот во Абу Даби се шокирале кога го виделе пасошот на човекот кој пристигнал на терминалот, а во кој е напишано дека тој е стар дури 123 години.

Свами Сивананда е роден на 8 август 1896 година во Бехала, Индија и патувал од Колкута кон Лондон кога застанал во Абу Даби. Ако датумот на неговиот пасош е точен, Сивананда е најстариот човек што некогаш живеел.

Наводно, Сивананда ги изгубил своите родители кога имал шест години, по што неговите роднини го предале на духовниот гуру со кого патувал во Индија. Човекот изгледа многу помладо отколку што се претставува, а тој вели дека тоа е затоа што редовно вежба јога, е дисциплиниран и живее во целибат.

- Водам едноставен и дисциплиниран живот. Јадам многу едноставно, само зготвена храна без масло или зачини, ориз и чорба од леќа со неколку зелени чили. Избегнувам млеко и овошје затоа што мислам дека се луксузна храна. Како дете спиев на празен стомак по многу денови - рече тој.

Инаку, Сивананда веќе три години се обидува да ја докаже својата возраст за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

извор:beograd.in