Го прашаа Англичанецот од што е направена „Шљивовица“, а одговорот за 125.000 фунти СТАНА ВИРАЛЕН

Српскиот бренд на ракијата од сливи, таканаречената „Шљивовица“, е надалеку познат, и е заштитен знак на српските прослави, (па и кај нас) а исто така на секој што ќе дојде на гости им се дава да го пробаат овој „волшебен пијалок“. До каде стасала популарноста на оваа ракија покажува и видеото кое сега се споделува на социјалните мрежи, а која се најде дури и меѓу прашањата во британската верзија на квизот „Дали сакате да станете милионер“.

Во споменатиот квиз, меѓу прашањата беше и „која е главната состојка на „Шљивовица“, додека меѓу понудените одговори беа црешите, кајсиите, портокалите и сливите. Смешниот дел од видеото започнал кога учесникот на квизот не можел да се сети за кое овошје станува збор, па решил да побара помош од својот пријател, односно мајка му. Само што и се јавил и го прочитал прашањето, мајката без размислување одговорила „Слива, слива, одговорот е слива“, а кога синот ја прашал колку е сигурна, таа одговорила „Сто проценти“.


Убедливите зборови на мајката и нејзиното добро познавање на состојките на алкохолните пијалоци кои доаѓаат од Србија ги насмеа сите во студиото, вклучително и водителот и учесникот на квизот, кој добро знаеше каде да се јави кога се зборува за вакви пијалоци, па реши за одговорот од мајката, и секако, удри и освои 125.000 фунти.

Дел од квизот особено го привлече вниманието на српскиот дел од јавноста, односно следбениците на Твитер каде се наоѓа видеото, кои беа воодушевени и од прашањето и од мајката на учесниникот која добро се сеќава што пиела, а која како напишаа под објавата на таа социјална мрежа „очигледно доаѓа во Србија“.

Покрај овој, имаше и други одговори на овој твит на видно гордите Срби кои гласеа „Мајка знае“, „Една е мајка“, а секако имаше и смешни од типот „Оваа сигурност во одговорот мора да е залиена со Шљивовица...