Го снимиле можеби најреткото животно на светот: Досега било забележано само еднаш пред повеќе од 20 години

Нуркачите снимија едно од најретките морски животни во светот. Медузата chirodectes maculatus досега е видена само еднаш, во 1997 година, на работ на Големиот корален гребен, 43 километри од брегот на Квинсленд.

Но, на почетокот на месецов повторно ја снимија. Иако не е познато колку е опасна оваа медуза, научниците веруваат дека може да биде многу отровна.