Го сруши сопствениот рекорд: Нема да верувате колку виршли изел за само 10 минути

Шампионот за брза храна Џои Честен го собори претходниот свој рекорд јадејќи 76 виршли на годишниот натпревар на Нејтан, кој традиционално се одржува на 4 јули во Њујорк.

Ако 76-те изедени виршли на Џои ги претворивме во единици енергија, тоа би значело дека 37-годишниот Американец внел околу 23.000 калории за 10 минути.


Сепак, жените постигнаа полоши резултати оваа година на натпреварот на Нејтан, кој се одржува од 1972 година.

Победник беше 37-годишната учителка Мишел Леско од Аризона, која изеде скоро 31 виршли, што е скоро 18 помалку од рекордот поставен минатата година.


Фото: Твитер