Го викаат дедо Спартак: Владимир (74) го истетовирал скоро целото тело, има најмалку 60 тетоважи (ВИДЕО)

Овој пензионер моментално живее со скромна пензија, но се надева дека со новооткриената слава наскоро ќе најде други приливи.

Пензионер од рускиот град Екатеринбург стана sвезда на социјалните мрежи откако во последните две години направи 63 тетоважи.

Владимир Седаков (74) сега има тетоважи на скоро сите делови од телото - вклучувајќи го и лицето.

Седаков, познат како Спартак, вели дека ја сменил работата повеќе од 60 пати за 74 години, пред да се „смести“ како уметник.

Во последната деценија ја украси скоро целата своја куќа со слики, а сега ја пренесува својата уметничка страст на сопствената кожа и планира целото тело да го наполни со мастило. 


Неговата најпозната тетоважа е онаа на римскиот генерал Спартак, гладијатор кој водел бунтовничка војска во првиот век п.н.е., пренесува Рт.

Спартак е популарен и на социјалните мрежи, а повеќе од 4.000 луѓе го следат на Инстаграм.

Според московскиот весник Комсомолскаја правда, Седаков е локална sвезда во неговиот роден град Екатеринбург.

- Јас сум човек на уметноста. Пишувам поезија од мојата четиригодишна возраст и започнав да сликам на иста возраст. Бев лош на училиште и секогаш добивав оценка 3 - но дали е тоа навистина важно? - праша Седаков. 

View this post on Instagram

A post shared by Vladimir Spartak (Седаков) (@vladimir_spartak_art)


Владимир напиша пет книги и ја шие својата облека.

Спартак денес нема работа и вели дека преживува со скромна пензија. Сепак, со својата новооткриена слава, тој се надева дека ќе најде други извори на приход.

Во текот на оваа година, тој ќе глуми во филм во режија на наградуваниот режисер Александар Кант, и му е доверена улогата на шаман.


Фото: Инстаграм/vladimir_spartak_art

Видео:Youtube/Ruters