Го закопаа својот стар автомобил во знак на почит: 1.500 луѓе присуствуваа на церемонијата од 4.500 долари

Едно семејство го погреба својот стар Suzuki Wagon R во знак на почит, привлекувајќи го вниманието на 1.500 луѓе кои дојдоа на овој бизарен погреб со автомобил!

Семејството Полара од селото Падаршинга во индиската држава Гуџарат неодамна стана вирално поради нивната необична одлука да му направат погреб на својот стар автомобил, Suzuki Wagon R.

И така, наместо да се фрли, автомобилот бил „достоинствено закопан“. На оваа церемонија, на која учествувале околу 1.500 луѓе, придале посебно значење бидејќи автомобилот го сметале за „среќен“ и клучен за нивниот успех.

Автомобилот стар 18 години, кој верно му злужел на семејството речиси две децении, бил симбол на просперитетот на семејството. Иако семејството Полара сега поседува повеќе луксузни автомобили, како што е Audi, главата на семејството Полара, Сањај Полара, сметал дека Wagon R одиграл клучна улога во нивниот успех.

„Овој автомобил не беше само превозно средство, тој беше дел од нашиот пат до успехот. Наместо да го продадеме, сакавме да го почестиме и да создадеме траен спомен за идните генерации“, изјавил Сањај за медиумите.

За церемонијата, семејството ископала дупка длабока 15 метри во нивниот имот, а автомобилот бил внимателно спуштен во импровизираната „гробница“. Возилото било покриено со цветни ливчиња и украсено со шарени венци, додека музика се слушала од преносливите звучници. Потоа, автомобилот бил покриен со зелена ткаенина и семејството извршило неколку традиционални индиски погребни ритуали.

Целиот настан чинел над 4.500 долари, а на крајот дури подигнале и самади (светилиште) во чест на нивниот „среќен“ автомобил.

По завршувањето на ритуалот, багерот го закопал автомобилот со земја и глина. Сањај, кој води градежна компанија во Сурат, Индија, планира да засади дрво над необичниот гроб за да го одбележи почивалиштето на нивниот доверлив автомобил.

Интересно е што ова не е прв случај да се закопа автомобил од благодарност. Уште во 2017 година се пишуваше за Алсидес Равел, фармер од Уругвај, кој го закопал својот Форд Ф-350 по 48 години употреба. 


Фото и Видео: „Х“