Големо откритие на археолозите на Гибралтар: „Како да го најдовме гробот на Тутанкамон“
Археолози
во Гибралтар, кои истражуваа мрежа од пештери, открија нова просторија, скриена
од светот најмалку 40.000 години, која може да ги расветли деталите за
неандерталската култура и обичаи.
Истражувањето на пештерата Вангард, дел од комплексот пештери Горам, започна во 2012 година, со цел да се утврдат неговите вистински димензии и дали има пасуси и простории затворени со песок.
Откриена тајна просторија
Тимот предводен од професорот Клајв Финлејсон, биолог и директор на Националниот музеј на Гибралтар, минатиот месец наиде на пукнатина во седиментот што тие ја проширија и низ која успеаја да поминат со ползење.
Отворот ги однесе на простор широк 13 метри на врвот на пештерата каде што сталактити висеа од таванот, а искршените карпи укажуваа на штета предизвикана од земјотрес, пишува „Гардијан“.
We begin the afternoon session of day 2 at #Calpe21 with @FranJGiles, @FinlaysonGib, @GibGerry, @jrvidal54, @ArchaeoAmos & @CliveFinlayson (@GibraltarMuseum, @UniHuelva & @LJMU) with: "Recent discoveries from Vanguard Cave, #Gibraltar"#Neanderthals #Iberia pic.twitter.com/Iuvl2cXSJ4
— Calpe Conference (@CalpeConference) September 24, 2021
- Тоа е неверојатна просторија. На некој начин, тоа е речиси како да го откриете гробот на Тутанкамон; влегувате во простор каде што никој не бил веќе 40.000 години. Навистина е отрезнувачки, рече Финлејсон.
Во просторијата беа пронајдени расфрлани коски од рис, забележан е пршлен на хиена и голема коска од крило од белоглав мршојадец.
- Нешто ги одвлекло во таа пештера одамна. Најдовме шест или седум траги од канџи на ѕидовите на пештерата. Ние обично го поврзуваме овој тип гребнатинки со канџи од мечка - и откривме остатоци од мечки во пештерата, но за мене тие изгледаат премногу мали за мечка. Можеби рисот чија коска исто така ја најдовме ги гребел sидовите, наведува Финлејсон.
Иако коските - кои не покажуваат исеченици или други траги што би укажале на човечка интервенција - се сами по себе интересни, истражувачите пронашле и голема школка од морски полжави, што отвора дополнителни можности.
- Тој дел од пештерата најверојатно е на 20 метри надморска височина. Очигледно некој ја зел лушпата таму пред 40.000 години. Тоа е показател дека луѓе биле во пештерата, рече Финлејсон.
The visit to Gorham and Vanguard caves has impacted my view on Neanderthals. I knew the evidence, yes, but never really pictured them as the sea men they also were. Their ecological plasticity has touched me today @CliveFinlayson @GibGerry @FinlaysonGib @jrvidal54 #Calpe21 pic.twitter.com/LB3geL8Gms
— María MartinónTorres (@MMartinonT) September 26, 2021
На друго место во пештерскиот комплекс, тим научници пронашле многу докази за присуство на неандерталци, од огништа и камени алатки до остатоци од животни, вклучително и елени, кози, фоки и делфини.
Заб на неандерталско дете
Пред четири години, истражувачите на ова место пронајдоа млечен заб на четиригодишно дете од неандерталците.
- Се‘ уште го истражуваме тој дел, но се чини дека неандерталците не го заземале тоа ниво на пештерата. Затоа се сомневаме дека хиените го фатиле детето и го убиле, и го одвлекле до задниот дел на пештерата. Сега истражуваме за да видиме дали останало нешто од тоа дете, рече Финлејсон.
Научниците се надеваат дека нивното ископување на врвот на пештерата може да доведе до странични комори, кои можеби биле користени како необично погребно место.
- Нешто што го најдовме на многу нивоа од оваа пештера, е јасен доказ за населението, како што се пожари и слично. Но, она што не го најдовме беше местото каде што ги погребувале мртвите. Можеби просторијата во задниот дел на пештерата е такво место. Ова се целосни претпоставки, но нема да ги закопате луѓето во вашата кујна или дневна соба, вели Финлејсон.
Сега се планираат дополнителни истражувања и ископувања, а истражувачите веруваат дека новата област би можела да даде вредни податоци за животот и општеството на овие крајбрежни, медитерански неандерталци.
- Пештерите ни дадоа многу информации за однесувањето на овие луѓе. И, далеку од старото гледиште за нив како сурови суштества слични на мајмуни, сфаќаме дека во секој поглед тие биле луѓе способни за повеќето работи што можат да ги направат модерните луѓе, подвлекува Финлејсон.
За него, потрагата не е само пронаоѓање на скелетот: се работи за откривање на тоа кои биле неандерталците, како живееле, како умреле и како преживеале.
- Горд сум што можам да кажам дека го направив тестот и дека имам одреден процент на неандерталска ДНК во себе. Веројатно неандерталците никогаш не изумреле затоа што се‘ уште има од нив малку во нас, заклучува професорот од Гибралтар.
Фото: Твитер